Пародонтологија

Ако ви кажале дека имате пародонтална болест (болест на непцата), не сте сами. Многу возрасни лица во моментов имаат некоја форма на оваа болест. Пародонталните болести се движат од едноставно воспаление на непцата до сериозни заболувања кои резултираат со големи оштетувања на мекото ткиво и коската што ги поддржуваат забите.

Фактори на ризик

  • Ви треба уште една причина да престанете со пушењето? Пушењето е еден од најзначајните фактори на ризик поврзани со развојот на болести на непцата. Дополнително, пушењето може да ги намали шансите за успешно лекување.
  • Хормонални промени кај девојчиња/жени. Овие промени можат да ги направат непцата почувствителни и да го олеснат развојот на гингивитис.
  • Луѓето со дијабетес се изложени на поголем ризик од развој на инфекции, вклучувајќи ги и болестите на непцата.
  • Други болести и нивните третмани. Болестите како СИДА и нивните третмани исто така можат негативно да влијаат на здравјето на непцата, како и третманите за рак.
  • Постојат стотици лекови на рецепт и лекови без рецепт кои можат да го намалат протокот на плунка, која има заштитен ефект врз устата. Без доволно плунка, устата е ранлива на инфекции како што се болестите на непцата. А некои лекови можат да предизвикаат абнормално прекумерно растење на ткивото на непцата; ова може да го отежне одржувањето на чистотата на забите и непцата.
  • Генетска подложност. Некои луѓе се посклони кон тешки болести на непцата од другите.

Како да знам дали имам болест на непцата?

Симптомите на болести на непцата вклучуваат:

  • Лош здив кој не исчезнува
  • Црвени или отечени непца
  • Чувствителни непца или непца што крвават
  • Болно џвакање
  • Разлабавени заби
  • Чувствителни заби
  • Повлекување на непцата или заби кои изгледаат подолги

ДОБРАТА ВЕСТ Е: МОЖЕ УСПЕШНО ДА СЕ ЛЕКУВА

Во нашата ординација нудиме нехируршки и хируршки третман за ваков вид проблеми

НЕХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ

  • Дијагноза и планирање на третман
  • Професионално мануелно и механичко отстранување на забен камен и наслаги од плак на површините на забите и корените
  • Мерење на длабочината на џебовите
  • Ласерски потпомогната регенерација на меките ткива

ХИРУРШКИ ПРОЦЕДУРИ

  • Преобликување на непцата
  • Пародонтална хирургија
  • Коскена аугментација

Секој случај е индивидуален и пристапот кон неговото лекување се планира индивидуално.

Работно време

Понеделник до петок

08:00-20:00

Сабота

Затворено

Недела

Затворено

Ние секогаш се грижиме за вашата насмевка

+389 2 3239 360
+389 78 254 030

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.