Ласерот е инструмент кој произведува многу тесен, интензивен сноп на светлосна енергија. Кога ласерската светлина ќе дојде во контакт со ткивото, таа предизвикува реакција. Светлината произведена од ласерот може да го отстрани или обликува ткивото. Ласерите можат да се користат како безбеден и ефикасен третман за широк спектар на стоматолошки процедури и често се користат во комбинација со други стоматолошки инструменти.
Стоматолошките ласери можат да се користат за:
- намалување на непријатноста од афти и херпеси.
- откривање на делумно изникнати умници.
- отстранување на мускулните припои кои го ограничуваат правилното движење.
- третирање на непцата при земање отпечатоци за круни или други процедури.
- отстранување на прекумерно израснати ткива предизвикани од одредени лекови.
- извршување на биопсиски процедури.
- отстранување на воспалени ткива на непцата и помош при третман на болести на непцата.
- отстранување или преобликување на ткивата на непцата и коските за време на процедурите за продолжување на круната.
- помош при третирање инфекции во коренските канали.
- забрзување на процедурите за белење на забите.
- терапија на проблеми со ТМЗ (темпоромандибуларен зглоб), херпес, афти, инфекции по вадење заб итн.
Постојат неколку предности. Стоматолозите можеби нема да имаат потреба да користат дупчалка или да аплицираат анестезија при некои процедури, овозможувајќи му на пациентот порелаксирано стоматолошко искуство. Ласерските процедури можат да бидат попрецизни. Исто така, ласерите можат да ги намалат симптомите и времето на заздравување поврзани со традиционалните терапии; да го намалат количеството на бактерии и во заболените ткива на непцата и во забните кариеси; и да го контролираат крварењето за време на операција.
Дали стоматолошките ласери се безбедни?
Доколку стоматолошкиот ласер се користи според прифатените практики од страна на обучен стручњак, тогаш тој е барем исто толку безбеден колку и другите стоматолошки инструменти. Сепак, исто како што носите очила за сонце за да ги заштитите очите од долготрајно изложување на сонце, кога вашиот стоматолог изведува ласерска процедура, од вас ќе биде побарано да носите специјални очила за да ги заштитите очите од ласерот.
Најновата технологија во стоматологијата е достапна во нашата ординација.
Затоа што заслужувате иновативен и безбеден стоматолошки третман!
Нашите услуги
Општа стоматологија
Пародонтологија
Ортодонција
Естетска стоматологија
Имплантологија и орална хирургија
Ласерска стоматологија
Естетика на лице
Кабинет за дигитален рендген
Работно време
Понеделник до петок
08:00-20:00
Сабота
Затворено
Недела
Затворено